Неверојатна приказна која можеше да ја смени историјата: Како Мурињо за малку не успеа да го украде Меси на Барселона

epa02524250 Argentinian player Lionel Messi (C) of CF Barcelona and Jose Mourinho (R) of Portugal, former coach of FC Internazionale Milano and current coach of Real Madrid CF during the FIFA Ballon d'Or 2010 gala held at the Kongresshaus in Zurich, Switzerland, 10 January 2011. Messi was named Player of the Year while Mourinho was named Coach of the Year in Men's Football. EPA/ALESSANDRO DELLA BELLA

Италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио објави книга која ја нарече „Grand Hotel Calciomercato“ во која зборува за многу работи, а една од нив е нереализираниот трансфер на Меси во Челси.

Ди Марцио се смета за вистински новинарски гуру за трансферите на фудбалерите. Неговиот збор се почитува и кога тој нешто ќе објави, речиси станува правило дека тоа и ќе се случи. Причината за тоа се бројните контакти и пријателства кои ги негува во светот на фудбалот.

Поради тоа, многумина со нетрпение ја очекуваа неговата книга во која еден дел посвети и на Лионел Меси. Ди Марцио открива дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во 2013 година се обидувал да го наговири Меси да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, но Аргентинецот немал намера да направи такво предавство

Си го трошите времето и вашето и моето време. Нема шанси да одам во Реал Мадрид – му одговорил Меси на Перез. 

Заминувањето во редовите на најголемиот ривал на Барселона никогаш не било опција за Меси, но затоа една година подоцна бил на чекор до напуштање на каталонсиот тим и тоа поради Жозе Мурињо.

Харизматичниот Мурињо се обидел да го донесе Меси во Челси и малку фалело да се остваир овој трансфер. Ди Марцио тврди дека Мурињо го воодушевил Меси со својот потег, му се јавил на Аргентинецот и тоа во моментите кога се појавија првите информации и обвинувања за Меси и неговиот татко за затајување на данок.

Потоа во домот на Жозе Мурињо во Лондон бил одржан ручек на кој присуствувале претставници на Челси и луѓе од најголема доверба на Меси. За време на ручекот, Мурињо го повикал Меси за да му каже дека тој е најдобриот фудбалер на светот, подобар дури и од Кристијано Роналдо.

Челниците на Челси биле подготвени да ја платат откупната клаузула која изнесувала 250 милиони евра, а било договорено Меси да има годишна плата од 50 милиони евра.

На крајот трансферот не се реализира, а Ди Марцио тврди дека тоа се случило поради таткото на фудбалерот, но не објавува детали пропаднала неговата преселба на „Стемфорд бриџ“.

Во меѓувреме, Меси остана во барселона и наредната сезона 2015 година ја освои последната четврта титула во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот