Нетанјаху: Иран повеќе не е егзистенцијална закана за Израел
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран повеќе не претставува егзистенцијална закана за Израел, наведувајќи ги големите воени и стратешки успеси постигнати во текот на изминатиот месец.
Препорачано
Во снимена изјава објавена пред празникот Пасха, Нетанјаху рече дека Израел постигнал огромни достигнувања во својата кампања против Иран и неговите регионални сојузници, признавајќи ја цената на конфликтот, вклучително и смртта на четворица војници еден ден претходно во јужен Либан, пренесуваат агенциите.
Нетанјаху ја опиша кампањата како нанесување „десет удари“ на она што го нарече „оска на злото“, правејќи споредби со библиската чума во Египет пред Пасха. Тој во кампањата на израелските удари во регионот ги наведе операциите против Хамас во Газа, Хезболах во Либан, сириската влада под поранешниот претседател Башар ал-Асад, терористичките групи на Западниот Брег и силите на Хутите во Јемен, како и нападите во Иран.
בכל דור ודור קמים עלינו לכלותנו, ואנחנו הנחתנו 10 מכות על ציר הרשע – והשגנו 10 הישגים כבירים. צפו בהצהרה שלי הערב >> pic.twitter.com/6C7mxdJlFq
— Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) March 31, 2026
Израелскиот премиер истакна дека операциите биле насочени кон нуклеарната инфраструктура на Иран, постројките за производство на ракети, институциите на режимот и безбедносните сили, како и кон високите функционери и научници.
Нетанјаху алудира на крај на војната?
Нетанјаху, исто така, истакна дека кампањата довела до „стратешки пресврт“, тврдејќи дека ситуацијата е сменета од минатото, кога Иран се обидуваше да го задуши Израел.
„Денес, ние вршиме притисок“, изјави тој, додавајќи дека раководството на Иран е послабо од кога било.
Нетанјаху нагласи дека кампањата помогнала да се подигне глобалната свест за заканата што ја претставува Иран, истакнувајќи дека меѓународните лидери кои претходно ги отфрлаа предупредувањата сега ја препознаваат опасноста.
Во своето излагање израелскиот премиер потсети дека израелските напади и внатрешните немири го дестабилизирале иранското раководство, објаснувајќи дека сега режимот е потресен и на крајот може да се случи тој да падне.


