Несудените водителки на „Еми“: Двете се позитивни на коронавирус
На престижното доделување на наградите „Еми“ и двете водителки не присуствуваа заради позитивните тестови на коронавирус, пишува Daily Mail.
Познатата американска водителка Џулијана Ранчиќ (46) која се омажи за хрватскиот бизнисмен Бил Ранчиќ (49), на социјалните мрежи откри дека целото нејзино семејство е позитивно на ковид-19!
„Веќе 20 години работам како водителка и никогаш не сум пропуштила ниту една церемонија на доделување награди, но оваа година е поинаква“, рече Ранчиќ.
Џулијана работи за медиумската куќа „E!“, која инсистираше сите вработени да бидат тестирани за вирусот пред да присуствуваат на доделувањето на наградите.
Ранчиќ е благодарна што дознала дека е позитивна на вирусот пред да патува и да изложи други луѓе на опасноста од заразата.
Таа изјави дека и нејзиниот сопруг Бил и синот Едвард (8) се исто така позитивни. Но, дека се чувствуваат добро.
Вивика А. Фокс (56) е втората „несудена“ водителка на „Еми“ наградите оваа година, која исто така е позитивна на коронавирусот.
„Навистина ми е жал што не можам да бидам со моето „E!“ семејство вечерва. За жал, јас сум позитивна на коронавирус, затоа сум во домашна самоизолација“, рече Вивика.
На крај во последен момент беа ангажирани Нина Паркер и Бред Горески.