Драган Бјелогрлиќ - Фото: Инстаграм/senkenadbalkanom

ВИДЕО | Порака која ја отсликува реалноста се појавува на крајот од секоја епизода на новата сезона на „Сенки над Балканот“

На крајот од секоја епизода на новата сезона на серијата „Сенки над Балканот“ се појавува необично известување. Станува збор за мала благодарница, но и објава која открива многу повеќе отколку што можеби изгледа на прв поглед.

Покрај вообичаените заблагодарувања, продукцијата им се заблагодарува и на двајца академици и на еден поранешен командант на САЈ (Специјалната антитерористичка единица).

Сепак,  најсилен впечаток оставаат списоците на оние кои, како што се вели во пораката, „не дозволија серијата да се снима и работи“ и покрај тоа што на тие локации со години наназад непречено се снимало. Меѓу нив се институции како Владата на Република Србија, Народното собрание, Народната банка на Србија, Народниот театар во Белград, Јавното претпријатие за подземна експлоатација на јаглен, рудникот „Сењски рудник“ во Деспотовац, како и касарните во Зрењанин и Топчидер.

Овие кратки, суптилни но остри пораки, кои режисерот Драган Бјелогрлиќ ги најавуваше во своите интервјуа, рефлектираат низ што сè морал да помине проектот за воопшто да стигне до екраните. Пораките се појавуваат пред самата одјавна шпица по секоја епизода, како симболична „благодарница“ до сите оние кои стоеле помеѓу идејата и реализацијата.

Третата сезона на „Сенки над Балканот“ нè враќа во есента 1938 година, непосредно пред почетокот на Втората светска војна, и го претставува најмрачниот и најинтригантниот дел од приказната досега. Серијата е сместена во турбулентен период на политички превирања, каде што високата политика и тајните игри на моќ се прелеваат од затворените кабинети на улиците на Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот