Фото: Creazilla

Необичен симптом кај жените кој укажува на висок кортизол – хормонот на стресот

Еден симптом особено говори за зголемен кортизол, хормонот на стрес во телото, а на прв поглед не е поврзан со него.

Хормонот на стрес кортизол е многу важен хормон во телото, бидејќи регулира како организмот реагира на стресни ситуации. Затоа е и познат како хормон на стресот, а кога е надвор од рамнотежа, можни се многу несакани последици. Една од нив е сосема неочекувана, а непријатна – влакната на брадата кај жените.

Поточно, кога станува збор за нерамнотежа на хормоните, Кушингов синдром можеби не е толку чест како синдромот на полицистични јајчници, но жените имаат трипати поголема веројатност да го развијат. И тоа е синдром кој предизвикува високо ниво на хормонот кортизол.

Симптомите најчесто се влакна на лицето, т.е. на брадата, но можни знаци се зголемување на телесната тежина, стрии, модринки кои лесно се појавуваат на кожата, слабост на мускулите или коските.

Може да се појави како несакан ефект од земање одредени лекови или поретко поради тумори, но и од други причини.

Многу е важно да се консултирате со специјалист доколку се сомневате дека имате проблем со хормоните или воопшто имате некакви тешкотии, бидејќи колку побрзо ја добиете вистинската дијагноза и лекување, толку побрзо ќе го решите проблемот и ќе спречите компликации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот