Ненад Димитријевиќ/Bayern Basketball

ВИДЕО | Нено издоминира, Баерн го урна европскиот шампион

Кошаркарите на Баерн Минхен забележаа победа над Фенербахче со 85-76 во натпревар од 35. коло во Евролигата, а македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар и беше најефикасен во победничкиот состав.

Германскиот тим силно го отвори мечот и уште во првата четвртина создаде убедлива предност, која ја доби со 25-12. Баерн продолжи во ист ритам и на паузата замина со сигурни 43-30.

Во третата четвртина Фенербахче успеа да ја намали разликата и да се доближи на само пет поени (65-60), но Баерн брзо одговори и на стартот на последниот период повторно дојде до двоцифрена предност (74-62).

Турскиот тим во финишот се обиде да се врати во игра и се приближи на минус три (79-76), но Баерн остана присебен во клучните моменти и со неколку поени во завршницата ја потврди победата од 85-76.

Најефикасен на натпреварот беше токму Димитријевиќ со 22 поени, на кои додаде и еден скок и три асистенции. Кај Фенербахче се истакна Тарик Биберовиќ со 21 поен, три скока и три асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот