Го мотивираше целиот свет: Ненадејно почина позната инфлуенсерка, зад себе остави пет деца

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Почина инфлуенсерката Рејчел Чејс од Нов Зеланд и мајка на пет деца, позната по своите мотивирачки фитнес објави, објави „Дејли мејл“.

Бодибилдерката и фитнес-блогерка Рејчел Чејс – која во еден момент имаше повеќе од 1,4 милиони следбеници на Фејсбук и беше опишана како „интернет сензација“ – почина претходно овој месец. Причината за нејзината смрт сè уште не е позната.

Таа беше првата Новозеланѓанка која се квалификуваше за натпреварувањето во бодибилдинг на Олимпијада, а беше и на многу меѓународни средби.

Работеше како фитнес-модел кој ги красеше насловните страници на списанија и тоа најмалку 14 пати, а како инфлуенсерка, нудеше и онлајн-фитнес менторство.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Веста за нејзината смрт растажи многумина кои почнаа да се збогуваат со неа на социјалните мрежи, а се огласи и нејзината најстара ќерка Ана Чејс.

„Беше поддршка, љубезна и секогаш го имаше најдобриот совет за нас. Имаше голема амбиција и желба да успее и инспирираше милиони луѓе низ светот. Неизмерно ми недостига и таа љубов никогаш нема да исчезне“, напишала Ана за својата мајка, пренесува „Стаф“.

Портпаролот на Министерството за правда ја потврди нејзината смрт.

„Со оглед на неодамнешната природа на смртта, во оваа фаза не се достапни дополнителни информации“, рекол портпаролот.

Кит О’Конел, пријател на Рејчел, рекол дека нејзината смрт е „ненадејна и неочекувана“ и дека таа била една од „најљубезните души“ што ги познава.

Чејс во 2016 година напишала статија за „Стаф“, каде што зборувала за своето искуство со напуштањето на „токсична и насилна“ врска во која западнала откако се развела од својот сопруг Крис Чејс.

Крис Чејс одлежал 10 години затворска казна, откако бил уапсен во 2012 година за неговата улога во дистрибуција на дрога, слична на екстази, низ Нов Зеланд.

„Врската во која бев ме научи на многу работи за тоа што не сакам и од што морам да се држам настрана. Не страдав само јас, туку целото мое семејство. Значи, ако знаете дека сте во насилна врска и немате храброст да заминете, направете го тоа за вашите деца. Зграпчете сè што ви треба доволно долго за да преживеете ползејќи од таа дупка, бидејќи ви ветувам дека ќе вреди“, напишала Рејчел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот