Ненад Стојаковиќ веќе не е тренер на ФК Партизан
Српскиот фудбалски клуб Партизан и главниот тренер на првиот тим, Ненад Стојаковиќ, меѓусебно ја раскинаа соработката.
Препорачано
Во претстојните натпревари, првиот тим од клупата ќе го води Дамир Чакар во улога на главен тренер, додека Ѓорѓије Ќетковиќ ќе биде прв асистент. Двајцата, заедно со другите членови на тренерскиот штаб, ќе продолжат да работат со тимот.
Фудбалскиот клуб Партизан изразува искрена благодарност до Ненад Стојаковиќ за преземањето на одговорноста да го води првиот тим во еден тежок период, како и за неговата професионална и посветена работа за време на неговиот мандат. Клубот му посакува многу успех во продолжението на неговата тренерска кариера.
Новиот тренер Дамир Чакар беше играч на „црно-белите“ во два мандата (1995-1997, 2001-2005) и освои четири шампионски титули. Тој беше член на тимот што се квалификуваше за Лигата на шампионите во 2003 година.
Чакар ќе биде четвртиот тренер на Партизан од доаѓањето на новото раководство во октомври 2024 година. Пред него, брзо беа завршени мандатите на Саво Милошевиќ, Срѓан Благојевиќ, а сега и на Ненад Стојаковиќ.
Во неделата во српското фудбалско дерби Партизан загуби со 3:0 од Црвена звезда. Моментно на табелата води Црвена звезда со 57 бодови, четири повеќе од Партизан на втората позиција.
ВИДЕО: Жешко е на дербито во Белград – „Делии“ спуштија транспарент над „Гробари“


