Немате доволно простор на Џи-мејл? Исчистете го вашето сандаче во три лесни чекори

Големата количина на окупиран простор најчесто е резултат на големи прилози за е-пошта. Вкупниот простор за складирање што го имате на сметка на Google вклучува Gmail, Drive и фотографии, што значи дека понекогаш секој мегабајт простор може да ви биде важен.

Сепак, откако Гугл воведе нови правила за големината на „меморијата“, голем број корисници  останаа без вреден простор. И, поголемиот дел од тој непотребен простор е во самиот Џи-мејл.

Големата количина на окупиран простор најчесто е резултат на големи прилози за е-пошта од кои, за среќа, можете да се ослободите со едноставно пребарување, советува LifeHacker.

Треба да го направите следново:

1. Во вашата сметка на Gmail, кликнете на пребарување и напишете – has:attachment larger:10MB. Ќе  ви биде прикажана цела е-пошта со прилози поголеми од 10 MB.

Можете сами да го промените бројот што ја означува големината на прилогот, само проверете дали има ограничување на големината на прилогот од најмногу 25 MB по порака.

2. Кога ќе го добиете посакуваниот резултат, изберете ги пораките што сакате да ги избришете и кликнете на иконата за бришење.

3. На крај, отворете го „Trash“ од левата страна на екранот и испразнете ја „корпата“ со кликнување на: „ More > Trash > Empty Trash Now“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот