Ивона Јо со сопругот / Фото: Инстаграм/Ивона Јо

Немаше што да се чека: Ивона Јо прозборе зошто се омажи за Кристијан брзо по запознавањето

Пејачката Ивона Јо искрено прозборе за одлуката брзо да се омажи за својот избраник Кристијан Тодоров.

Таа во „Бекстејџ“ раскажа и за тешкиот период по загубата на татко ѝ кој почина лани во септември, и изјави дека веќе од ништо не се плаши.

„Не знам како ќе бидам сфатена, а, но навистина не лажам. По зацврстување на тие корени, по смртта на тато и после сè она што ми се случи, јас навистина не се плашам од ништо затоа што знам дека сè што е дојдено, е дојдено за мое добро“, рече пејачката која е по потекло од Куманово. Нејзиниот татко ѝ беше голема поддршка.

Потоа, Ивона прозборе за сопругот Кристијан за кој се омажи во февруари, еден месец по свршувачката.

„А, јас и Кико се најдовме, кликнавме, се споивме. Се запознавме и станавме и стапивме во брак. И библиски е така, и библиски одлучивме да следиме сè што ќе се случува во нашиот живот, така да, немаше што да се чека затоа што најдов пред сè човек“, рече Ивона.

Ивона Јовановиќ позната како Ивона Јо (29), во февруари се омажи за својот избраник Кристијан Тодоров (25), само еден месец по романтичното запросување што се случи на почетокот на јануари.

„Веќе не се двајца, туку едно. Тоа што Бог го споил заедно, никој човек да не го раздели“, стои во описот на видеото кое пејачката го објави на својот инстаграм-профил.

„Порано не сум верувала кога ќе слушнам, кога ќе кажеле луѓето ‘од самиот старт знаев дека тоа е тоа за мене уште кога ќе се појави во животот’, сум рекла како тоа се знае? Инаку прв пат вака гласно со зборови во живо го кажувам, имав пишани текстови“, рече пејачката претходно во поткастот „Равенка за успех“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот