Немања Обрадовиќе е нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Српскиот интернационалец Немања Обрадовиќ е нов член на Еурофарм Пелистер. Левиот бек потпиша едногодишен договор со битолскиот клуб каде ќе пристигне по завршување на сезоната.

Обрадовиќ доаѓа од ППД Загреб, клуб за кој настапува оваа сезона. 30-годишниот лев бек има огромно искуство од настапите во неколку национални првенства во Европа, а исто така играл со неколку клуба и во Лигата на шампионите. Обрадовиќ е роден во Крушевац, а во српската лига ги носел дресовите на Напредак, Јагодина и Металопластика. Првото интернационално искуство беше во Франција, каде играше за Валанс, од каде во 2016 година премина во Металург.

По настапите во Автокоманда, Обрадовиќ настапуваше за Висла, Мешков Брест и ППД Загреб. За српската репрезентација настапи на 20 натпревари и постигна 26 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот