Нема спас за Робињо, затворската ќелија е веќе подготвена?

Поранешниот бразилски фудбалер Робињо го загуби спорот/Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Враќањето на Робињо во бразилскиот Сантос траеше само една недела, а фудбалерот е отпуштен откако пристигна пресудата од Италија, поточно осудата за обвинение за силување кое се случило во 2013 година кога Бразилецот настапуваше за Милан.

Станува збор за Албанка која го обвини Робињо дека со неколку пријатели ја силувал, додека фудбалерот тврди дека не станува збор за силување туку за доброволен сексуален однос.
Итлаијанскиот суд не поверува на зборовите на Бразилецот и го осуди на деветгодишна затворска казна, на која тој и неговите адвокати веднаш вложија жалба.

Робињо на судењето прво рече дека девојката била пијана, дека останала со неговите пријатели и дека тој не знае што се случувало потоа бидејќи си заминал дома. Потоа ја смени приказната со образложение дека неговата изјава погрешно е преведена и потенцира дека девојката знаела кој е тој, дека таа му пришла и флоертувала со него.

Робињо пред десетина дена потпиша за бразилскиот Сантос, но клубот беше приморан да го отпушти поранешниот репрезентативец бидејќи главниот спонзор на екипата се закани дека ќе го раскине договорот по пресудата и не сака да има ништо со тим во кој игра фудбалер обвинет за силување.
Робињо се согласи за симболична сума да се врати во татковината и да ја заврши кариерата во тимот во која го имаше професионалното деби.

Дека на Робињо не му бега затворска казна доказ е и изјавата на бразилскиот министер за човечки права, Дамареш Алвеш, кој вели дека знае за жалбата но и дека го слушнал крунскиот доказ.
– Се надевам дека ќе заврши во затвор, на ниту еден силувач не треба да му биде простено. Кога го видов транскриптот од разговорот, телефонскиот повик во кој се зборува за тоа што и направиле на девојката, за малку ќе повратев. Тоа што е славен и познат фудбалер не ги менува работите, на криминалците не треба да им се простува. Сигурно е дека нема да се извлече, ќе заврши во затвор, тука во бразил или во Италија, а доколку се прашувам јас – уште сега би го испратил на извршување на затворската казна – изјави бразилскиот министер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот