Скијање/ Фото Hercules Milas / Alamy / Alamy / Profimedia

Нема скијање без кацига, казни до 200 евра – ново правило за сите љубители на снегот

Италија официјално ја отвори зимската сезона со важна вест. Од 1 ноември 2025 година, скијачките кациги се задолжителни за сите – скијачи, бордери, санкачи, па дури и еднодневни посетители што ја преминуваат границата. Тоа е првата европска земја што воведе задолжително користење кациги за сите возрасти на патеките, со цел да се намали бројот на сериозни повреди на главата.

Новата регулатива налага употреба на кацига со ознака CE (Conformite Europeenne), што потврдува дека опремата ги исполнува стандардите на ЕУ за безбедност, здравје и заштита на животната средина. Иако, според претставниците на Конзорциумот Доломити Суперски, околу 95% од скијачите веќе носеле кацига, Италија одлучи да воведе универзална обврска – откако постепено го воведе правилото за помлади скијачи (прво под 14 години, потоа под 18 години) во претходните години. Оние кои ќе го прекршат правилото се соочуваат со казна до 200 евра или суспензија на нивната ски-карта до три дена. Италијанските безбедносни служби велат дека нема изговори, информациите за новите правила се спроведуваат масовно и јасно- објави Каматица.

Иако ниедна друга земја сè уште не бара кациги за сите скијачи, многу европски земји имаат барање за деца. Хрватска и Словенија бара задолжителни кациги за деца до 14 години.
Во Австрија кацигите се задолжителни за лица под 15 години во повеќето зимски федерални држави, вклучувајќи ги Салцбург и Штаерска, а во Полска кацигите се задолжителни за лица под 16 години.

Во сите овие земји, непочитувањето може да резултира со казни. Италија применува цел сет безбедносни прописи што важат за рекреативни скијачи: задолжително осигурување од одговорност, скијање без полиса може да резултира со казна до 200 евра, а полицијата може да ја конфискува ски-картата. Ограничување на алкохолот, дозволеното ниво е 0,50 проценти, а строги правила важат и за консумирање дрога, пишува списанието TU.

Дали обврската за носење кацига е всушност проблем? Според податоците од Националната асоцијација на скијачки центри на САД (NSAA), носењето кациги кај скијачите и бордерите се зголемило од 25 проценти (2002-2003) на дури 90 проценти во сезоната 2023-2024. Проценките во Европа се слични на овие бројки, па со својот потег, Италија само го формализираше она што повеќето рекреативни играчи го практикуваат. За туристите кои сè уште не носат заштита за глава, новите правила значат само едно: време е да спакувате кацига во вашиот куфер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот