Нема разлика кога играте против Србија или НБА екипа

Репрезентацијата на Италија во второто коло со убедливи 92:61 ја совлада Ангола и во последното трето коло во рамките на групата Д на Светското првенство ќе игра против еден од конкурентите за златниот медал, Србија.

На подготовките пред старот на Мундобаскетот, Италија ги загуби двата натпревари против Србија, и Галинари е свесен дека ги очекува тежок предизвик и во Кина.

– Ќе биде тешко, Србија и една од најдобрите репрезентации на СП и дуелот против нив ќе биде вистински предизвик за нас. Веќе два пати игравме на подготовките и знаеме што не очекува бидејќи ниту ние ниту Србија не криеше ништо од играта. Србија има премногу добар тим со неверојатни кошаркари. Кога играте против Србија е исто како и да играте против НБА екипа. Но, се радувам на овој натпревар бидејќи ќе играм против добри пријатели – изјави Галинари.
Натпреварот кој ќе одлучува за првото место во групата Д ќе се игра во среда од 13.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот