Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Нема повеќе дилеми, Драмонд со трансфер во ЛА Лејкерс

Искусниот центар ќе го засили актуелниот шампион во НБА лигата по разделбата со Кливленд Кавалирс.

Причината поради овој потег на Лос Анџелес Лејкерс се повредите на првите ѕвезди во екипата, Ентони Дејвис и Леброн Џејмс.

Отсуството на Дејвис под обрачот ќе се обиде да го надополни Андре Драмонд.

Двократниот Ол-стар играч ќе потпише договор со „езерџиите“, потврди неговиот агент Џеф Шварц, а пренесува добро информираниот Адријан Војнаровски на „Твитер“.

Во првите 25 натпревари сезонава Драмонд имаше одличен учинок од 17,5 поени, 13,5 скока и 1,6 блокада по меч.

Олдриџ е новото засилување, НБА има нов супер тим!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот