Олдриџ работеше напорно и подготвено, а потоа „зелено светло“ дојде од докторот/Фото: EPA-EFE/LARRY W. SMITH

Олдриџ е новото засилување, НБА има нов супер тим!

Сега Нетси можеби се одвојуваат како број еден за шампионскиот прстен во најсилната кошаркарска лига на светот.

Менаџерот на Ламаркус Олдриџ (кој беше слободен агент) потврди дека седумкратниот „Ол-стар“ центар ќе игра за Бруклин Нетс, пренесува Адријан Војнаровски од „ЕСПН“.

Ламаркус помина шест години со Спарси, а сега одлучи да им се придружи на Џејмс Харден, Кајри Ирвинг, Кевин Дурент и Блејк Грифин.

Крилниот центар оваа сезона одигра само 21 натпревар во дресот на Сан Антонио, пропушти многу мечеви поради повреди. Тој имаше просек од 13,7 поени, 4,5 скока и 1,7 асистенции по меч.

Моментно Бруклин е на второто место во Источната конференција со учинок од 31 победа во 46 одиграни средби, подобар скор има моментно само Филаделфија со триумф повеќе од исто толку дуели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот