ВИДЕО | „Нема ни татко, ни мајка“: Скопјанецот Бојан ја расплака Цеца по настапот на „Ѕвездите на Гранд“

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Вчерашната емисија на музичкото натпреварување – „Ѕвездите на Гранд“ ја отвори скопјанецот Бојан Илиевски, кој отпеа одлично и доби 6 гласа од жирито. Поддршка на 22 годишното момче беше неговата баба, која очигледно му донесе среќа и тој сега е во тимот на балканската фолк-дива Светлана Цеца Ражњатовиќ.

Фото: Принтскрин – ЈуТјуб

Но она на што не остана рамнодушна Цеца и се расплака е животната приказна на Бојан, кој многу млад останал без мајка и татко. И двајцата негови родители починале.

„Јас сум негова баба по мајка. Нема ни татко ни мајка, па дојде со неговата баба. Татко му и мајка му починаа“ – рече таа со грутка во грлото, неможејќи да ги запре солзите.

Се насолзија и очите на Бојан, како и на повеќето присутни во салата. Саша Поповиќ се обиде да го разведри Бојан и да му даде мотив на младото момче да продолжи и понатаму да се бори и покрај големата трагедија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

„Ова е специфична ситуација, но Бојан, „Ѕвездите на Гранда“ се едно големо семејство, затоа доби едно големо семејство, многу пријатели, труди се понатаму,  ти честитаме што се пласира во вториот круг“ – објасни Поповиќ, а по овие зборови Бојан конечно се насмевна и со гордост ја напушти сцената на Гранд, подготвен да започне да го остварува својот најголем животен сон.

Без двоумење Бојан ја посака Цеца за свој ментор, која прифати без двоумење.

Настапот на Бојан погледнете го на самиот почеток од видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот