Нема дискриминација, туку нееднаков третман на граѓаните во владината одлука за бесплатни возачки и сообраќајни дозволи, смета КСЗД

Комисија за заштита од дискриминација / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација сметаат дека нема дискримианција во владината одлука за бесплатни возачки и сообраќајни довозли, затоа што нема дискриминаторска основа, ама има нееднаков третман. Според Комисијата, државата потфрлила во обебзедувањето на важечки лични документи за сите граѓани, а мерките што сега ги презема се задоцнети.

– По повод мерката на Владата на Република Северна Македонија за вадење на возачки дозволи и сообраќајни дозволи без надомест, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека се прави нееднаков третман кон граѓаните кои промениле важечки документи со новот име на државата и за истите платиле. Во овој случај не се работи за дискриминаторска основа, постои нееднаков третман, но не и дискриминација. Институциите треба да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман за сите граѓани во постапките на промена на важеччи документи со новото име на државата – соопшти Комисијата, откако „Слободен печат“ побара став.

Потсетуваме дека граѓаните имаат еднакво право на важечки лични документи, додаваат од КСЗД.

– Потфрлањето на државата да обезбеди важечки лични документи може да ги повреди останатите права на граѓаните како правото на слободно движење, правото на работа, правото на здравствена заштита итн. Ги поздравуваме мерките кои ги презема владата за да обезбеди лични документи на сите граѓани, но истите се ненавремени со што се наруши правната сигурност на граѓаните – смета Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Владата вчера соопшти дека донела одлука за бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи, а МВР е задолжено да ги преземе соодветните правни акти согласно кои возачките и сообраќајните дозволи што треба предвремено да се заменат, ќе бидат без надомест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот