2 C
Скопје

Нема да се туркаме во ред за руска вакцина

Во моментот кога преку таканаречениот Ковакс механизам вакцината за ковид-19 ќе биде достапна во светот, ќе биде достапна и во нашата земја – објаснуваат од ресорното министерство.

Руската вакцина која треба да штити од коронавирусот нема да се набавува во земјава, ниту пак надлежните планираат да провајат интерес за нејзино купување по примерот на другите држави. Нашите експерти од областа на имунологија и имунизација велат дека за оваа вакцина многу малку се знае поради што и засега не може да се дадат прецизни заклучоци.

– Во однос на руската вакцина, Северна Македонија не е во преговори за набавка на оваа вакцина – велат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека вакцина ќе се набавува преку процедурата од која веќе сме дел.

– Организациите GAVI (Глобална алијанса за вакцини и имунизации), CEPI (Коалиција за иновации за подготвеност за епидемии) и WHO(Светска здравствена организација) упатија покана до Владата на Република Северна Македонија да се приклучи кон акцијата/проектот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за COVID-19 преку таканаречен COVAX механизам. COVAX механизмот (Глобален пристап до вакцини за ковид-19) се очекува да резултира во изнаоѓање на вакцина и ставање на пандемијата под контрола во најбрз можен рок преку заедничко здружено инвестирање, споделен ризик, здружени набавки и рамномерна дистрибуција до земјите учеснички. Во изминатиот период имаше неколку состаноци, во кои се разговараше за детали околу испорака, набавка, количини и начинот на дистрибуција. Ова практично значи дека во моментот кога преку таканаречениот Ковакс механизам вакцината за ковид-19 ќе биде достапна во светот, ќе биде достапна и во нашата земја – објаснуваат од ресорното министерство.

Прочитајте и...  Шкотската премиерка ветува нов референдум за независност доколку победи на изборите во мај

Професорката Александара Грозданова која го води националниот комитет за имунизација вели дека не се сомнева во руската наука, но сепак многу малку се знае за оваа вакцина, низ кои фази на испитувања поминала и дали е безбедна. Препаратот сè уште не е одобрен од Светската здравствена организација .

– Иако има многу малку податоци за ефикасноста и безбедноста на оваа вакцина, ова е сериозен чекор имајќи предвид дека руската наука е за почитување. Сепак т.н. руска вакцина како и сите други кандидати за вакцина против ковид-19 ќе треба да ги поминат сите ригорозни тестирања со цел да бидат одобрени за масовна употреба – вели Грозданова.

Вакцината која ќе влезе на македонскиот пазар ќе мора да помине ригорозен процес на проверка, посочува професорката. Препаратот ќе мора да ги помине сите клучни меѓународни и независни контроли, како што е Европската медицинска агенција или Американската агенција за храна и безбедност.

Прочитајте и...  Во Загреб 11-годишно момче почина од корона, дошло до ретка компликација со смртен исход

Истражувачкиот институт за вакцини и серуми при руската Федерална агенција за биомедицина, деновиве соопшти дека неговата вакцина против новиот коронавирус се наоѓа на списокот на потенцијални вакцини на СЗО.

Вкупно 20 земји Латинска Америка, Блискиот исток и Азија направија нарачки на руската вакцина. Меѓу земјите кои пројавија интерес за оваа вакцина е и соседна Србија.

Според достапните информации, истражувачите во светот работат на создавање на 165 вакцини за заштита од корона вирусот. Оксфордската вакцина е веќе дадена на 30.000 доброволци, а во последна фаза е и препаратот на  компанијата Модерна во партнерство со САД, кој е на проверка врз 50 000 волонтери.

Поврзани вести

Продолжи изградбата на „Северен поток 2“

Без вода дел од скопската населба Кисела Вода

Слободен печат

Над 1,3 милиони лица се тестирани на коронавирус во Словачка, позитивни се 0,77 проценти

Слободен печат

Мексиканскиот претседател Обрадор е позитивен на коронавирус

Слободен печат

Австралија ја одобри вакцината од Фајзер

Слободен печат

Прв разговор меѓу Бајден и Макрон: Големо поклопување на ставовите за главните меѓународни прашања

Слободен печат

Остави Коментар