Нелоски: Земјава ќе се спаси од вирусот но не и од беспарицата

Функционерите во власта треба да бидат свесни дека сетот на мерки е без ефект врз стопанството и ќе има негативно влијание.

Нема бизнисмен или стопанственик којшто не е збунет или загрижен од недостатокот на конкретна мерка за помош на реалниот сектор во државата. Македонија можеби ќе се спаси од коронавирусот, но нема да се спаси од беспарицата, сиромаштијата и економската криза поради катастрофалните економски мерки на Владата. Пакетот на антикризни мерки не се однесува на сопствениците и вработените кои работат во компании коишто бележат загуби во месец март, оценува членот на извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, Владиир Нелоски.

Тој додава дека Владата со антикризните мерки безмалку ги казнува фирмите за нивното добро работење.

Според Нелоски илјадници претпријатија за самовработување, коишто не ќе можат да егзиситираат и да останат ликвидни во периодот што следи нема да можат да земаат ни минимална плата од 14.500 денари, бидејќи не ги исполнуваат условите односно се веќе корисници на мерките кои се добиваат преку Агенцијата за вработување.

– Заев и Спасовски, не им излегоа во пресрет на граѓаните коишто имаат кредити во банка, бидејќи овозможеното одложено плаќање е со дополнителна двојна камата на главниот долг. Што ќе им е одложено плаќање на долговите на граѓаните, ако треба да платат двојно повеќе по завршување на кризата?

Функционерите во власта треба да бидат свесни дека сетот на мерки е без ефект врз стопанството, тие ќе влијаат негативно и сериозно ќе го загрозат животот на илјадници граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ апелира веднаш да се направи нов план на сеопфатни мерки за помош на стопанството, затоа што овие мерки се недоречени и рестриктивни, и само ќе ја зголемат дупката во буџетот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот