Скопје, 7 октомври 2020 / Фото: Слободен печат.

Нели ве загрижуваат бројките на заразени, зарем до свирка ви дошло?

Слободен печат на својот инстаграм профил спроведе анкета „Какво е твоето мислење? Треба ли да се отворат клубовите и да се организираат свадби со протоколи? Само 27 отсто од нашите следбеници на оваа социјална мрежа одговориле потврдно, а 73 отсто сметаат дека не треба да се отворат клубовите и да се прават свадби.

Веста за протестот на музичарите и угостителите пред владата предизвика најголемо внимание на социјалните мрежи. Фејсбук и Инстаграм гореа од коментари, а повеќето од нив ја поддржуваа одлуката на Владата во кафулињата да нема диџеи и жива музика, во угостителските објекти да можат да седат само четворица на една маса и да се ограничи музиката во рестораните и кафулињата на 55 децибели.

„Дали не ве загрижуваат бројките на заразени, нели ве засега здравјето на вашите оридтели, пријатели или само станува збор за интерес за пари. Станавме дно од луѓе, срамота“, напиша Бошко Младенов на нашиот фејсбук профил под веста за протестот на музичарите.

Слободен печат на својот инстаграм профил спроведе анкета „Какво е твоето мислење? Треба ли да се отворат клубовите и да се организираат свадби со протоколи? Само 27 отсто од нашите следбеници на оваа социјална мрежа одговориле потврдно, а 73 отсто сметаат дека не треба да се отворат клубовите и да се прават свадби.

Резултати од анкетата

„Во период кога дневно има над 200 новозаболени, вакво прашање не треба да се поставува“, ни напиша Сара.

Ги прашавме и нашите од дијаспората да споделат искуства, како работат угостителските објекти во градовите каде што живеат.

Феде од Италија, земјата која во Европа беше најпогодена од коронавирусот ни напиша дека клубовите летово биле отворени, често преполни со луѓе без маски.

„Владата и медиумите не повикуваат да бидеме одгворни, ама премногу луѓе на разбираат или не сакаат да разберат дека вирусот  е конкретен проблем. Потешко е да се контролираат клубовите, отколку да се контролираат влезовите, на пример, во театар или на коцерт“, напиша Феде.

„Во Германија на влез на секој бар, ресторан, кафич мораш да оставиш податоци за контакт и се знае точно кој во секое време бил таму, па така полесно може да се контролира ситуацијата ако некој испадне дека е позитивен“, напиша Бојана.

Податоци за контакт пред влезот во кафуле се оставаат и во Брисел и во Австралија. Данило Шкиљевиќ не информира дека од денеска во Брисел ќе бидат затворени сите кафулиња, барови и дискотеки во наредниот месец поради големите бројки на новозаболени лица.  Во Австралија, како што ни напиша Марко Алексоски, ноќните клубови работат, но сите мора да се седнати и да се држи растојание меѓу масите, односно нема играње и веднаш те опоменува обезбедувањето.

„Во Париз моментално баровите се целосно затворени, а рестораните работат само до 22 часот. Клубовите не отворија воопшто“, пишува Теа Стојановска.

Во Берлин, пак од 23 часот до 6 часот се е затворено, ресторани, барови и продавници. Клубовите одамна се затворени.

Во Словенија барови и ноќни клубови не работат, освен што се одржуваат свирки на отворено со половични капацитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот