Неколку шимпанзи побегнале од зоолошка градина во Шведска, чуварите морале да ги убијат

Фото СТВ принтскрин

Во зоолошката градина Фурувикспаркен во Шведска, четири шимпанзи се убиени откако во средата побегнале од нивниот кафез, јавува шведската телевизија СВТ.

Полициската истрага е во тек, а управата на зоолошката тврди дека тие морале да употребат огнено оружје од безбедносни причини.

Останатите шимпанзи кои биле во бегство се затворени во куќиштето, додаваат тие.

„Целосниот фокус ќе биде ставен на грижата за животните, проценување на нивната благосостојба и обезбедување на сета потребна грижа“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот