Неколку руски училишта евакуирани поради лажна дојава за бомба

Училница/ Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Неколку училишта во Русија денеска добија закани за бомби, а стотина беа евакуирани само во сибирскиот град Краснојарск, јави московското радио „Ехо“. По заканите кои пристигнаа по електронска пошта, наставата беше прекината и во други градови, како Самара и Ставропол.

Стотици училишта се евакуирани низ целата земја, јави радиото. Според пријавата, во претресите не било пронајдено ништо сомнително. Властите распоредија повеќе полицајци во последниве години поради слични ситуации. Покрај училиштата, мета беа и судовите и трговските центри.

Надлежните не го знаат мотивот за ваквите случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот