Неколку ирански аеродроми ги откажаа летовите до понеделник

Авион
Авион, илустрација / Фото: EPA-EFE/ANA ESCOBAR

Неколку ирански аеродроми, вклучително и техеранскиот „Имам Хомеини Интернационал“, ги откажаа летовите до понеделник, објавија денеска иранските државни медиуми.

„Сите летови од меѓународниот аеродром Имам Хомеини во Техеран се откажани до 6:00 часот по соопштението на иранската организација за цивилно воздухопловство“, изјави извршниот директор на аеродромот за иранската агенција Студент, пренесе Гардијан.

Домашните летови од аеродромот Мехрабад во Техеран и аеродромите во Шираз, Исфахан, Бушер, Керман, Илам и Санандаи се исто така откажани до понеделник наутро, соопшти иранската компанија за аеродроми и воздушна навигација, бидејќи западниот дел од воздушниот простор на земјата и дополнително е забранет за летови. .

Водечките авиокомпании низ Блискиот Исток најавија откажување на некои од нивните летови, додека други мораа да ги пренасочат летовите, иако Израел повторно го отвори својот воздушен простор од 7:30 утрово по локално време.

Аеродромот во Бејрут е повторно отворен од утринава, а летовите до и од либанската престолнина наводно се обновени. Техеран предупреди дека повторно ќе изврши посилен напад доколку Израел или САД возвратат на синоќешниот ирански напад врз Израел, при што беа лансирани повеќе од 300 беспилотни летала и проектили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот