Некој со ѕид преградил паркинг и сервисна улица во Т.Ц. „Антико“, жителите се гневни

Фото: Фејсбук

Ѕид со кој се преградува сервисна улица и гаража преку ноќ „никнал“ под трговскиот центар „Антико“ во скопската населба Карпош 3, алармираат станарите и сопствениците на дуќани.

Не се знае кој се одлучил на ваков потег, кој според граѓаните кои живеат во близина, е тешка узурпација на јавен простор. На изградбата на ѕидот му претходело ставање врати на отворени паркинг места, наменети за сите.

“Почитувани. Ова е сервисна улица и гаража воедно. Бидејќи сум станар во Антико, пред околу два месеци почнаа да ставаат врати на отворените, слободни паркинг простори, кои беа наменети за сите. Откако загради некој се, се изѕида ѕид на 1/3 од паркингот. Доколку живеете во овој реон, можеби се сеќавате дека летото имаш пожар во еден од локалите и пожарната едвај се протна поради непрописно паркирани коли. Сепак, ова претставува опасност во вонредна состојба а, да не зборуваме за бесмисленоста на овој потег. Затоа, апелирам и да потпишеме петиција за уривање на ѕидот и да ја поднесеме во Општина,до Градоначалникот Јакимовски”, вели Јана Стојановска, која случајот го пријавила и на апликацијата МЗаедница и очекува општината да реагира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот