НЕКОЈ ОВА НЕ БИ МОЖЕЛ НИТУ СО ЧЕТИРИ РАЦЕ: Миломир со една рака ја храни сопругата и двата болни сина

Го прашуваат Миломир – Миќа Јовановиќ неупатени во неговите јадови што му треба вака сакат, на стари денови, по полиња и шуми на секој и секого за дневница да работи од утро до мрак. Повеќе тоа ги интересира како тој со една рака вешто работи со моторна пила и срп.

Маката ме натера им одговара 65-годишниот домаќин од Прилипац кај Пожега. Не се лути кога ќе го наречат сакат, но душа го боли кога ќе го прашаат каде му се синовите зошто тие не му помогнат.

„Тоа се зрели луѓе, но само по години, не и ментално“, одговара Јовановиќ.

Имал дваесет години кога по отслужување на војската, комбајн во нива му ја скинал десната рака. Од тогаш Миломир за леб заработува само со една рака.

„Куќата ја обновив, направив викендица. Се со овие пет прсти, многу повеќе од многумина со сите десет. Некои и четири раце да имаат не би постигнале колку јас со една. Косам ливади, сечам, извлекувам и редам дрва, се занимавам со земјоделство. И доброволно давав крв“, вели Јовановиќ.

Две години откако останал инвалид се оженил со Вукосава, со кого го имаат Радојко и Среќко. Постариот има 44, а помладиот 42 години. Но двајцата имаат ментални пореметувања. Згора на тоа неговата Радојка е епилептичар. Само за лекови за нив двајца месечно им се потребни 8.000 динари (4.000 денари).

Единствен сигурен приход на Миломир е неговата пензија, стечен за стаж во претпријатието во кое како еднорак работел како ноќен чувар. Неговата Вукосава никогаш не работела, а како да работи кога нема кој да чува болните синови.

Спасот Миломир го бара во шумата каде сече дрва за продажба. Освен тоа тој за дневница и коси трева.

-Нема кај мене „можеш ли“, туку „мора“. На моторната пила имам врвка која дома ми ја става сопругата и ќе ми ја закачи околу врат и така ја носам со себе пешки до шумата. Најтешко ми е без една рака да одржам рамнотежа додека се качувам низбрдо. Еднаш змија ме касна, отидов до болница и потоа се вратив во шума пак да работам, вели Миломир.

Се жали дека снагата го издава, но се уште не се предава.

Неговиот имот во Прилипац е скромен. На сред двор демонстрира како со една рака ја остри косата, а некој го повика да нарача дрва за огрев и веднаш отиде во шумата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот