Фото: Слободен печат

Некој горел кабли и го потпалил ѓубрето во Маџари, пријавил граѓанин во ЦУК

Човек кој горел кабли на депонијата во скопската населба Маџари, во близина на црквата позади железничките пруги, го предизвикал големиот пожар попладнево, пријавил граѓанин во Центарот за управување со кризи. Столб од густ црн чад попладнево се издигаше од местото и тој е видлив од речиси цело Скопје.

Како што е пријавено на бројот за итни случаи 112, лице на локацијата пали кабли, по што надлежните служби веднаш реагирале.

Од ЦУК информираат дека противпожарната бригада и полициски екипи се веќе упатени кон местото на настанот со цел да се интервенира и да се утврдат околностите.

Засега нема информации за повредени лица, а се очекуваат повеќе детали по интервенцијата на надлежните служби.

ВИДЕО | Голем пожар во ресторан во Штип, пожарникари и навивачи заедно го гаснеле огнот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот