Некои документи треба да се чуваат до крајот на животот, меѓу нив е изводот на родените

Фото: илустрација/pixnio

Според податоците на германската компанија Битком, секој граѓанин дома има околу осум папки во кои архивира документи. Но, добрата вест е дека не мора да ја чувате секоја сметка засекогаш и дека дигиталната копија е доволна за многу работи. Сепак, она што треба да го чувате во оригинална форма до крајот на животот е: Изводот на родените, крштеницата, документите за развод или ако имате документ со кој Црквата го раскинува вашиот брак, како и тестаментот, докуметите за наследство, потврда за смрт на членови на семејството, медицински резултати, сертификати за обука, потврда за завршено образование, референца за работа, документи за пресметка на пензија, картичка за социјално осигурување, доказ за сопственост на домот, полиса за животно осигурување.

Но, има и документи кои се важни и мора да се чуваат одредено време, по што може да се фрлат, пишува магазинот Феникс, пренесува Пословни хр.

Тоа се: договор за вработување, чувајте го до следното работно место, потоа доволна е дигитална копија. Документи кои мора да се чуваат најмалку 30 години се: судска пресуда, судски налог, списите на случајот, извршни исправи, личен стечај. Документи кои мора да се чуваат 11 години се врзани за плаќањето на даноците, а меѓу документите кои мора да се чуваат 5 години се занаетчиските фактури за нова градба или пренамена (дигитална). Има и документи кои мора да се чуваат 3 и 2 години, предупредува Феникс магазин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот