Нејмар од отпишан стана незаменлив во ПСЖ, гол и три асистенции на Бразилецот

Лионел Меси и Нејмар му донесоа нова победа на ПСЖ/фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Фудбалерите на ПСЖ на убедлив начин ја започнаа одбраната на титулата во Лига 1 со триумф од 0:5 на гостувањето кај Клермон.

Натпреварот го одбележа Нејмар кого управата на ПСЖ се обидуваше да го продаде во преодниот рок. Но, Бразилецот со прикажаната игра против Клермон покажа дека се наоѓа во одлична форма на стартот од сезоната.

Нејмар веќе во деветтата минута на асистенција на Лионел Меси го отвори резултатот, а потоа до крајот на првиот дел им асистираше на Хакими и Маркињос за убедливи 0:3 за ПСЖ.

Во второто полувреме, Нејмар му ја врати услугата на Меси, му асистираше на Аргентинецот за првиот го двата гола. Меси конечниот резултат го постави по додавањето на Леандро Паредес во 86 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот