„Неговото однесување е проследено со мала агресивност“: Мајката на Брус Вилис не е сигурна дали нејзиниот син ја препознава
Мајката на Брус Вилис, Марлен Вилис, се доверила на роднина како болеста на филмската ѕвезда влијае на неговиот живот и на начинот на кој тој се однесува со светот околу него.
Препорачано
„Таа не е сигурна дали нејзиниот син сè уште ја препознава“, објасни Вилфрид Глием, братучед на мајката на Вилис, во интервју за магазинот „Билд“.
View this post on Instagram
„Неговото однесување е многу забавено, проследено со мала агресивност и веќе не може да се води нормален разговор со него. Иако ваквото однесување е вообичаено за неговата клиничка состојба“, додава тој пренесувајќи ги зборовите на Марлен.
Глием рече и дека Марлен многу страда поради нејзините внуки, но уверена е дека семејството ќе успее да го преброди овој тежок период заедно.
View this post on Instagram
Сегашната сопруга на Вилис, Ема Хеминг, неговата поранешна сопруга Деми Мур и петте ќерки на актерот, вклучувајќи ги и поголемите (од бракот со Мур) Румер, Скаут и Талула, детално го опишаа тешкото време низ кое тој минува на 68-годишна возраст.
View this post on Instagram
Здравствената состојба на Вилис, за жал секојдневно се влошува. На 19 март актерот го прослави 68 роденден. Неговата сопруга Ема, за роденденот, не сакаше да ги крие тешкотиите од болеста на актерот и како тие се соочуваат со истите:
„Понекогаш во животот мораме да ги облечеме алиштата на возрасните и да се соочиме со тоа. Тоа е она што го правам. Но, секој ден имам моменти на тага и болка, а тоа го чувствувам и денес на неговиот роденден“, напиша таа на Инстаграм, објаснувајќи и дека во моментов нема лек за болеста на нејзиниот сопруг, но дека има надежи за иднината. „Како што напредува состојбата на Брус, се надеваме дека вниманието на социјалните мрежи може да донесе јасност за оваа болест на која и треба повеќе истражување и свесност“- напиша Хеминг во својата емотивна објава.
ВИДЕО | Брус Вилис го прослави 68-миот роденден со ќерките, поранешната и сегашната сопруга


