Негативни на Ковид-19, Металург подготвен за реваншот во Хрватска

фото: rkmetalurg.mk

Ракометарите на Металург, стручниот штаб и раководството на клубот, во четвртокот (3 септември) повторно се тестираа на коронавирус, пред реванш средбата со Спачва.

Сите тестови се негативни и Металург предводен од тренерот Зоран Кастратовиќ синоќа замина за Винковци (Хрватска).

Возвратниот натпревар помеѓу Спачва и Металург, во рамките од првото квалификациско коло на Лига Европа ќе се одигра в сабота (5 септември) со почеток од 19.30 часот.

Оваа меч ќе го водат судиите Дору Манеа и Раду Илиеску од Романија, додека делегат ќе биде Хрватот Владимир Сокол.

„Сино-белите“ во првите 60 минути во салата „Автокоманда“ – Скопје стекнаа предност од седум голови, 35:28.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот