Лига Европа: Металург со „плус седум“ патува во Хрватска!

фото: facebook.com/ihtstruga/

Денеска во салата „Автокоманда“ екипата на Металург триумфираше во првиот натпревар од првото квалификациско коло на Лига Европа против Спачва со резултат 35:28 (17:12).

Најголемата предност „сино-белите“ предводени од тренерот Зоран Кастратовиќ ја имаа во 49 минута кога на семафорот стоеше 30:21.

Најефикасен во редовите на македонскиот претставник беше Поповиќ со шест голови, пет реализираше Серафимов, а по четири Тарабокија и Додиќ.

На спротивната страна за хрватскиот состав шестпати во листата на стрелците се запиша Бунтиќ, а еден помалку запиша Вигњевиќ.

Реванш мечот е закажан за 5 септември во Винковци со почеток од 19.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот