Негативата не е недостижна: Бутел Скопје во обид да испише историја – влез во групите на ЛЕ

РК Бутел Скопје по голем резултат против Алпла Хард/фото: facebook/RK Butel Skopje

Денеска од 18.45 часот во СЦ „Борис Трајковски“ македонскиот ракометен клуб Бутел Скопје ќе го игра реваншот од второто квалификациско коло во Лигата на Европа против Алпла Хард.

Од клубот воедно најавија дека влезот за денешниот натпревар е слободен за сите љубители на ракометот и спортот.

На првиот меч одигран во Австрија играчите предводени од тренерот Кристијан Грчевски загубија со пет голови разлика, 26:21.

Играчот на РК Бутел Скопје, Бојан Блажески е свесен дека негативата не е мала, но исто така сметак дека не е недостижна.

– Натпреварот е од големо значење за нас како клуб. Ова е историска шанса за која ќе дадеме сè од себе за да ја искористиме. Алпла Хард е одлична екипа со добра ротација и постојано го казнуваат противникот со брза игра без разлика на резултатот. Рецептот за триумф е цврста одбрана, технички грешки да се сведат на минимум. Таму одигравме квалитетна одбрана, но ни фалеше дисциплина во нападот и реализација во клучни моменти. Сега ќе имаме и поголем ростер на располагање и подобра свежина во играта. Ние сме мотивирани и ќе дадеме сè од себе за да приредиме одлична партија и резултат. Негативата не е мала, но исто така не е недостижна – вели Блажески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот