Фото: МИА

Недостигот од работници е проблем, мораме максимално да ги наградиме, велат од здружението на газдите

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачите, во емисијата „24 отворено“ вечерва рече дека бизнисмените се свесни оти мора да им се обезбеди куповна моќ на работниците.

– Свесни сме дека во ова време недостигот на работници е проблем, мора максимално да ги наградиме работниците. Владата сакаше да го поттикне растот на платите и нагло почна да ја зголемува минималната плата. Тоа беше добар притисок на работодавачите да ги кренат платите и затоа просечната плата помина. Инфлацијата за оваа година помогна порастот да биде поголем. Тоа влијаеше на порастот на сите плати. Во некои сектори и во јавниот не можеа да се подигнат повисоки платите и голем број на работници земаа минимална плата и тоа се случуваше и во приватниот сектор“, рече Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот