Неделава во Скопје ќе се јаде италијанска храна

Со курс по италијанската кујна, на кој присуствуваше и амбасадорот на Италија во земјава Карло Ромео, денеска во Скопје беше означен почетокот на Неделата на италијанската кујна.

Како што соопшти италијанската агенција ИТА од Скопје, на курсот по италијанската кујна за професионални готвачи, студенти, ученици и аматери, на кој присуствувале повеќе од 120 гости, Ромео ја презентирал програмата на Неделата на италијанската кујна, која вклучува низа настани во организација на Амбасадата.

Во текот на целата недела се предвидени разновидни настани наменети за љубителите на италијанската храна и вино, за готвачи-професионалци и за аматери, како и за компании заинтересирани за увоз и дистрибуција на италијанска храна и вино.

– Љубителите на италијанска храна и специјалитети ќе имаат можност да уживаат во врвната кулинарска уметност на италијанските италијански професори по кулинарство од Институтот за угостителство „Ансел Киз“ од Чиленто во Италија, кои ќе гостуваат на повеќе локации низ градот, велат од агенцијата.

Четвртата Недела на италијанската кујна во светот, од 18 до 24 месецов, е настан од светски рамки, организиран под покровителство на италијанското Министерство за надворешни работи, со цел промоција на италијанската ено-гастрономска култура и традиција, сo посебен акцент на богатството на специјалитети и состојки типични за италијанските региони, нивната историја и територија.

– Медитеранскиот начин на исхрана, таканаречената „медитеранска диета“, е централна тема на овогодинешното издание на Неделата на италијанската кујна во светот, соопшти агенцијата.

А од утре па сè до 26-ти ноември, во Скопје ќе се одржува Неделата на италијанската кујна. Официјалното отворање на настанот ќе се одржи на 19-ти ноември со вечера од 5 италијански јадења, подготвени од главниот готвач на ресторанот, Дистрикт Бар, Кирил Ставрев во соработка со реномирани италијански готвачи. Како што информираат организаторите, состојките за секое од јадењата се автентични, ароматични и внимателно избрани за да ја доловат вистинската гастрономска магија која ја нуди оваа кујна.

Реномираните италијански готвачи доаѓаат од Институтот „AncelKeys” од Салерно, Италија кој што претставува светски амбасадор на Медитеранската исхрана, и кој во 2010-та година е прогласенза нематеријално културно наследствоод страна на УНЕСКО.

Местата за вечерата на денот на отворањето се ограничени, а цената на сет менито изнесува 1200 денари по лице.

Деновите на италијанска кујна по отворањето, продолжуваат до 26-ти ноември со a’lacarte мени за сите љубители на исклучителна италијанска храна.

Оваа единствена можност за откривање на вистинскиот медитерански вкус, со италијански шмек е овозможено од страна на Италијанската Амбасада и Италијанската Агенција за трговија во соработка со Скопје Мериот хотел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот