Не завршиле ни факултет: 5 работи кои можеби не сте ги знаеле за најбогатите луѓе на светот

Фото: Aleksandr Khakimullin / Alamy / Alamy / Profimedia

Падот на акциите и зголемувањето на каматните стапки доведоа до „лоша“ година за најбогатите луѓе во светот, пишува магазинот „Форбс“. Затоа не е чудно што оваа година имаме 28 милијардери помалку од лани.

„Форбс“ изброи 2.640 милијардери во светот во 2023 година, кои заедно имаат 12,2 трилиони долари, што е за околу половина трилион помалку од минатата година, пишува „Пункуфер“.

Французин е најбогатиот човек на светот

Илон Маск падна од првото место на најбогати луѓе во светот на второто во 2023 година. Таа титула сега му припаѓа на Бернард Арно, сопственик на најголемата компанија за луксузни стоки „LVMH“,  чие богатство се проценува на 211 милијарди долари. Ова е првпат Французин да се најде на врвот на листата на најбогати луѓе во светот.

Бернард Арно – Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Повеќето милијардери се во САД

Повеќето милијардери сè уште доаѓаат од Соединетите Американски Држави – дури 735 од нив. Следат Кина со 562 милијардери и Индија со 169 милијардери.

Високата диплома е добредојдена, но не е потребна за финансиски успех

Тројцата најбогати луѓе во светот – Бернард Арно, Илон Маск и Џеф Безос дипломирале на престижни светски универзитети. Но, факултетската диплома не е неопходна за финансиски успех.

Лери Елисон, кој е на четвртото место на листата на Форбс за најбогати луѓе во 2023 година, Бил Гејтс, кој е на шестото место и Марк Цукерберг, кој е на 16-то место, никогаш не завршиле факултет.

Сите тројца го напуштиле факултетот пред да ги основаат своите супер-успешни компании „Oracle“, „Microsoft“ и „Facebook“.

Бил Гејтс – Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Најмладиот милијардер во светот

Просечниот милијардер има 65 години. Најмладиот милијардер во светот, пак, има само 19. Тој е Клементе Дел Веки, син на успешниот претприемач Леонардо дел Веки, кој имаше значителен удел во најголемата компанија за очила „Луксотика“. По смртта на неговиот татко, Клементе наследил една петтина од неговото наследство – околу 3,6 милијарди долари.

Доставувачот на пица кој стана милијардер

Најмладиот само-создаден милијардер е поранешниот доставувач на пица Бен Френсис. Во 2012 година, 31-годишниот Британец ја основа компанијата за спортска облека и додатоци „Gymshark“, која благодарение на силното влијание на социјалните мрежи сега вреди повеќе од милијарда долари.
Како млад, тој доставувал пици за да купи машина за шиење  за да го сошие својот прв комплет за вежбање во гаражата на неговите родители. Денес неговото богатство се проценува на 1,2 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот