Не успеаа да ја пребродат брачната криза: Џулија Робертс го напушти сопругот

Фото: Профимедиа

Како што пишуваат странските медиуми, Џулија Робертс одлучила да му стави точка на 18 годишниот брак…

Веќе неколку месеци наназад се пишува како бракот на Џулија Робертс (52) и Даниел Модеро (51) е во криза. Холивудската актерка се обидла на секој можен начин да го спаси својот брак, но изгледа дека не успеала во тоа.

Иако се наведуваше дека нивниот брак повеќе пати бил во криза, овој пат, изгледа дека едноставно не може да се спаси.

Сега медиумите пишуваат дека Џулија Робертс го напуштила нивниот семеен дом во Малибу и заминала да живее сама, со трите деца. Таа одлучила да се пресели во Сан Франциско. Џулија заедно со својот сопруг купи огромна вила во Сан Франциско која вреди осум милиони долари, но тие сега нема да живеат таму заедно како што првично планираа.

Фото: Профимедиа

Нејзини блиски извори наведоа: „На нејзиниот брак повеќе му нема спас. И двајцата се трудеа да го поправат односот, но не успеаа во тоа. Тие се веќе 18 години во брак и изгледа дека сега навистина ќе се разведат, бидејќи нивниот однос едноставно нема иднина“.

Дали и ова ќе биде уште една криза или пак тие навистина ќе стават точка на својот брак, останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот