26 C
Скопје

Не стивнуваат реакциите: Јавните лица во Србија поделени во врска со случајот Лечиќ-Штајнфилд

Дел од ансамблот на претставата „Кога тиквите цветаа“, која се игра во Белградскиот драмски театар, со петиција побарале да се исфрли Бранислав Лечиќ од екипата додека не се разреши случајот. Но, од друга страна, има и такви што ја искажаа својата поддршка за актерот додека не се докаже спротивното.

Откако актерката Данијела Штајнфилд излезе јавно со обвинување за силување против Бранислав Лечиќ, прва реагираше Мирјана Карановиќ, која на својот инстаграм-профил објави порака дека нема да игра во претставата „ММЕ кој прв почна“ доколку тој не биде исфрлен од неа. Сега реагираа и други нивни колеги, кои со петиција побараа да биде исфрлен од актерската екипа во претставата „Кога тиквите цветаа“ додека не се разреши ситуацијата. Актерите, предводени од Милош Биковиќ, велат дека ова не значи дека го обвинуваат Лечиќ, туку дека актерот не треба да се појавува на сцена додека не се разреши случајот.

инстаграм

Инаку, Лечиќ кој во претставата го игра нараторот Љубо Врапче, остарен боксерски шампион, во меѓувреме се повлече и од Демократската партија, а на колегите преку Инстаграм им порача:
„Со оние што им судат на луѓето и во вакви случаи и обвинувања преку медиумите и без право на мој глас и мојата вистина, никогаш веќе немам што да барам. Заборавете на нашата соработка и порачајте им дека ниту такви луѓе ниту такви актери воопшто не ме интересираат. Нека ме избегнуваат во широк круг. Вистината ќе победи.“

Но, има и такви што не се согласуваат со нив. Прва реагираше актерската легенда Ева Рас, која изјави дека ова е повик за линч, како што било случај со Мика Алексиќ.

– Мене ми судат затоа што застанав на страната од жртвата, а јас не знам дали таа е жртва. Сега Лека е жртва, него го познаваме со години. Сите него го осудија однапред и го распнаа – изјави таа и додаде дека Карановиќ си направила личен маркетинг со цел да му наштети на Лечиќ, затоа што споменатата претстава одамна не ја играат.

Ева Рас потоа ја нападна Данијела, за која изјави дека е непозната актерка и досега не слушнала за неа, а за разговорот меѓу неа и Лечиќ го карактеризира како дел од актерска работа.

– Да не се случеше ова, никогаш немаше да слушнам за неа. Не се сеќавам на неа од „Ивкова слава“. Глуми наивна и изгубена. Знаете ли што значи „во кола ме силуваше“? Никој не ја праша како стигнала во автомобилот? Што правел Лека – малку возел, малку силувал?! За што станува збор? Што значи дека таа го снимила разговорот? Не е ова криминалистички филм – вели Ева и додава дека Лека го знае од мал, и нема да го жртвува пријателството, а додека не се докаже дека имало силување, таа му верува нему.

Пејачот Аца Лукас го поддржа Лечиќ и изјави дека, иако по политичките ставови се многу спротивставени, сепак верува дека ова е голема местенка, со цел да му се наштети.

Instagram

– Секако дека е грозно и треба да има најстроги казни за такво дело, но по девет години некој да се сети дека бил силуван, е надвор од разумот. Оставете ги тие приказни „траума“, а 70 минути зборуваш со силувачот со опуштен глас и потоа велиш: „Не ме испочитува“. Во што? Во силувањето или во милувањето? Не разбирам. Човекот очигледно не е виновен – изјави Лукас во телевизиско интервју.

Поддршка на Лечиќ му искажа и неговата поранешна љубовница, старлетата Кристина Марковиќ, позната како Атина Ферари, која со него била во врска шест години додека тој бил оженет. Марковиќ го нарече Лечиќ џентлмен, кој со голема почит се однесува со жените и затоа не верува дека бил способен за таков чин.

Поврзани вести

ВИДЕО: Кучето на ирскиот претседател го украде шоуто за време на пренос во живо

Слободен Печат

Бен Афлек ѝ испратил видео: Нивин Џеј го откачила актерот мислејќи дека е лажен профил и сега се кае

Слободен Печат

Белгиски земјоделец „по грешка“ ја поместил границата со Франција

Слободен Печат

ВИДЕО: Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу со извонредна изведба на македонската песна „Оди ѕвездо“ од Наум Петрески

Слободен Печат

Нашиот музичар Гоце Талевски ја изгуби битката со коронавирусот

Слободен Печат

По долго отсуство од социјалните мрежи се огласи Адел – со посебна причина

Слободен Печат

Остави Коментар