Не се во прашање синовите: Еве кој ќе ги наследи 250 милиони долари на Тина Тарнер

Фото: Профимедиа

Музичката дива во текот на својата кариера стекна огромно богатство, проценето на приближно 250 милиони долари. „Хелоу“ пишува дека Тина Тарнер го решила прашањето за својот имот години пред нејзината смрт и дека најмногу, ако не и сите пари, му ги оставила на својот сопруг Ервин Бах (67).

Пејачката беше во брак со германскиот музички директор и продуцент 10 години. Тие се венчаа во 2013 година по повеќе од 26 години врска.

Меѓутоа, само три недели по венчавката, Тина доживеала мозочен удар. Подоцна Тина се борела и со други здравствени проблеми, од кои заболување на бубрезите. Ервин ѝ го спасил животот со тоа што ѝ го донирал својот бубрег во 2017 година.

Првиот син на Тина, Крег Рејмонд Тарнер, почина во јули 2018 година. Минатата година почина и вториот син на Тина, Рони. Зад неа останаа два сина од нејзиниот прв сопруг Ајк Тарнер, Ајк Помладиот и Мајкл, кои ги посвоила откако се омажила за Ајк.

Меѓутоа, во 2018 година, Ајк Помладиот открил дека не разговарал со мајка си речиси 20 години.

„Тина ме одгледуваше од кога имав две години. Таа е единствената мајка која некогаш сум ја познавал“, изјавил тој за „Дејли мејл“.

„Но, не сум зборувал со мајка ми Господ знае колку долго – веројатно од 2000 година. Мислам дека и брат ми не зборувал долго со неа. Мајка ми го живее својот живот – има нов сопруг и таа е во Европа. Не сака да има ништо со минатото“, рекол тогаш.

Зборувајќи за својот брат Мајкл, Ајк Помладиот рекол дека е во установа за опоравување во Јужна Калифорнија и има потреба од медицинска помош.

„Сум бил неколкупати кај него. Супер му е. Тина не го посетува. Сѐ што таа прави е тоа што му топраќа пари“, додал во таа прилика.

Да потсетиме, музичката икона Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст во својот дом во Цирих, Швајцарија. Портпаролот на пејачката откри дека таа починала од природна смрт.

Откриена причината за смртта на Тина Тарнер

ФОТО | НАСА спектакуларно ја испрати Тина Тарнер меѓу ѕвездите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот