Не се обидувајте да ги дезинфицирате еднократните маски за лице на овој начин, може да биде многу опасен!

Некои работи како што се јајцата, стиропор и гумените кукли на сестрата не им е местото во микробрановата печка, а на тој список пожарникарите, благодарение на коронавирусот ги додадоа и маските за лице.

Пожарникарите се соочиле со доста пожари откако било кажано дека маските за лице може да се дезинфицираат во микробранова печка.

Со сите јасни пораки на здраствените служби ширум светот за носење на маските, луѓето бараат едноставен начин за да ги ичистат.

– Тие претставуваат голем ризик за предизвикување на пожар – предупредува противпожарната служба на сојузната држава Вирџинија.

– Ве молиме, немојте да ги ставате маските во микробранова печка, дури ниту за кратко време.

Пожарникарите во Масачустес објавија фотографија од изгорена кујна, предупредувајќи ги луѓето што може да се случи.

Здраствените експерти за чистење на маските препорачуваат перење на 60 степени со силен прашок за перење облека, безрзлика дали е тоа рачно или во машина за перење облека, а потоа задолжително пеглање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот