„Не сакам да умрам, КРСТЕТЕ МЕ“: Пред 14 години семејство во Црна Гора доживеало чудо, благодарение на Свети Василиј Острошки

Неговото семејство веќе неколку пати тврди дека биле сведоци на многу необјасниливи ситуации. Свети Василиј Острошки го сметаат за свој спасител и заштитник, бидејќи како што велат, тој го сочувал Никола, но и ги слушнал молитвите за потомство.

Семејството Ивковиќ се многу регилиозни, а особено шеснаесетгодишниот Никола. Централното место во нивниот дом е икона на Свети Василиј Острошки, на кого ова семејство му се заблагодарува и му се моли.

Наташа Ивковиќ (38), мајката на Никола вели дека една ноќ пред 14 години по она што се случило се уверила дека постојат чуда и дека се случуваат.

  • Кога Никола беше мал, честопати беше болен и имаше високи температури. Една ноќ мојот го разбуди удар по рамото, но тоа не бев јас, бидејќи спиев од спротивната страна. Го погледнавме Никола кој тогаш имаше две години, а он гореше од температура. Во еден момент започна да вика: „Не сакам да умрам, сакам да се крстам“. Температурата му ја симнувавме до утрото, а тој цело време зборуваше за тоа да биде крстен – раскажува Наташа.

Утредента, како таа што тврди, на рамото на сопругот на кој го почуствувал ударот имало отисок од рака која била доста поголема.

  • Тој отисок се повлече после седум дена. Недолго после тоа, Никола на телевизија видел икона од Свети Василиј Острошки и во истиот момент извика: „Тој беше тука таа вечер и не ми даде да умрам, тој го разбуди тато, сакам да ме крстите“. Буквално занемевме бидејќи го слушнавме тоа од уста на дете кое само што научи да зборува. Бевме во црква каде што ни беше кажано да направиме така како што вика Никола.

Никола е крстен година дена после таа ноќ и тоа под Острог. Од тој ден Никола повеќе никогаш не бил болен.

  • На свештениците и монасите на кои им раскажавме низ што поминавме, ни кажаа дека него го чува Свети Василиј Острошки. Често му се поклонуваме бидејќи направи чудо. Под Острог не идеме секоја година, досега сме биле пет или шест пати, а последниот пат оваа година бевме во јули. Инаку, Никола од малечок ги почитува сите постови и се причествува. Ученик е во втора година во средно училиште, најдобар е во одделението, а неговите професори имаат само пофални зборови за него. Од својата шестта година тој тренеира ватерполо и освојува пехари и медали. Навистина е добро и паметно дете, наша гордост – изјавила Наташа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот