ФОТО | Не планиравте да купите кошула со панделка? Овие модели дефинитивно ќе ве разубедат, еве и зошто
Кога купувате кошула со панделка, знаете дека станува збор за парче кое без многу труд внесува елеганција во секоја гардероба. Лесни материјали, вез, проѕирни ракави и суптилни машни ги прават совршен избор за денови кога сакате да изгледате средено, а ненаметливо.
Препорачано

Оваа сезонабрендовите нудат навистина разновидна понуда, од класични бели модели до пастелни нијанси што дополнително го нагласуваат нежниот карактер на кројот.

Тука се и минималистички верзии кои лесно се комбинираат со фармерки или со елегантни панталони.
Кошулата со панделка одлично функционира во деловни комбинации со блејзер и здолниште, но подеднакво добро изгледа и со едноставен тексас и рамни чевли. Токму таа приспособливост ја прави парче што не се носи само за посебни прилики.

Ако барате модно освежување кое истовремено е и безвременско, овие кошули со панделка се сигурен избор.
Во продолжение издвојуваме 10 модели што особено ни го привлекоа вниманието и кои лесно ги замислуваме во различни комбинации.



