НЕ МУ Е ПРВПАТ: Погодил точен резултат 0:9, па му забранија влез во обложувалница!

фото/твитер

Херој на изминатиот викенд беше Пол Адлам од Борнмут, дефинитивно човек кој има храброст и добро чувство. На водство на Лестер од 3:0 против Саутемптон во петокот, Пол стави 10 фунти на резултат од 9:0.

Да, „светците“ имаа играч помалку, но навистина е неверојатно фактот дека го погодил точниот резултат.

Како што мечот поминуваше, ја напушти дневната соба, отиде да го гледа сам натпреварот на спрат, сопругата го прашала поради што толку скока и се радува, кога одамна беше јасно дека Лестер ќе го добие мечот.

Квотата беше 150, а заплетот филмски, бидејќи пари му донесе Џејми Варди со голот од пенал во последните секунди од мечот.

Пресреќниот Адлам рече дека сите пари ќе ги потроши на подароци за своите најблиски за Божиќ.

Интересно е тоа што ова не е негова најголема добивка, го погодил резултатот на натпреварот помеѓу репрезентациите на Франција и Аргентина на Мундијалот 2018, кога Французите во осминафиналето триумфираа со 4:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот