Не мора да значи дека крајот е близу: Пет реченици што незадоволните и несреќни мажи најчесто ги изговараат
Маж кој не е задоволен од својот живот и брак често се повлекува во себе. Она што ќе го каже, пак, е обвиткано со сложени емоции. Според експертите за врски, постојат неколку фрази што можат да бидат јасен знак на неговото незадоволство, пишува „Задовољна“.
Препорачано
Овие реченици се предупредување и сигнал дека е потребно да се поработи на подобра комуникација во бракот. Добрата вест е дека состојбата може да се подобри доколку и двајцата партнери се вложат.
„Ти тоа не го разбираш“
Мажите кои се чувствуваат длабоко незадоволни често имаат впечаток дека не се сфатени од своите сопруги. Наместо отворено да зборуваат за тоа, тие ги проектираат сопствените чувства врз партнерката. Таквиот начин на однесување води кон нездрави обрасци – избегнување блискост, барање внимание надвор од бракот или акумулирана лутина.
„Да бидам искрен…“
Започнување реченица со оваа фраза често открива дека искреноста не е дел од вообичаената комуникација. Тоа може да значи дека мажот не се чувствува доволно сигурен да ја каже вистината или, пак, дека нешто сокрива. За квалитетен брак неопходна е отворена и искрена комуникација од двете страни.
„Заборави, не е важно“
Оваа реченица е еден од најјасните сигнали за емоционална оддалеченост и резигнација. Особено ако е изговорена по тоа што жената не ја разбрала важноста на претходно кажаното. Таа укажува на губење на интимноста и поврзаноста во врската.
„Никогаш не си задоволна“
Кога мажот ја изговара оваа реченица, обично звучи лут, но зад тоа стои чувство на одбиеност, неуспех и срам. Ако комуникацијата не се подобри, мажот лесно може да „се повлече“ од бракот и да побара утеха во работа, пријатели или нова врска.
„Да, драга“
Оваа фраза може да биде искрена, но честопати се користи пасивно-агресивно. На површина изгледа како израз на согласност, но во реалноста може да крие огорченост и потисната лутина. Наместо да се соочи со проблемите, мажот „попушта“ за да избегне расправија, но тоа го прави уште понесреќен.
Овие реченици не мора секогаш да значат крај, туку предупредување дека е време за искрен разговор и работа на односот.


