Не мора да бидете лојални на власта, но мора да бидете лојални на државата

Фото: Ерол Шаќири

Помина прославата на уште еден Илинден кој само ја потврди поделеноста на македонското општество, парадоксално, спротивно од начелата поставени во Манифестот на Крушевската Република на самиот тој Илинден. За среќа беше безпрекорно организиран и помина без инциденти. Единствен „инцидент“ ако така може да се нарече е скандирањето „северна“ наводно од страна на подржувачите на сегашната власт како противодговор на скандирањето „никогаш Северна само Македонија“ од страна на тие што сеуште не ја прифаќаат промената на името. Истите тие кои заведени од политичката партија ДПМНЕ го бојкотираа референдумот, свесни дека бројката на тие што беа за промена на името заради влез во НАТО и ЕУ е далеку поголема. Со тоа, не сакаа да дадат „легитимитет“ на референдумот иако тој беше консултативен.

Веќе трет ден од прославата, по медиумите и социјалните мрежи се редат навреди што веќе ги поминуваат сите граници, веќе станува одвратно и за читање и за слушање. Па зар е можно до толку да сме несреќни прво како поединци а после и како целина, како општество, штом има толкава омраза во нас? Тенка е линијате помеѓу слободата на говорот и говорот на омраза, па така во името на „слобода на говор“ се шири омраза кај се стигне, на секој портал, не секој пост на социјалните мрежи. Зар не сме уморни веќе од таа омраза? Изгледа НЕ.

Главната полемика сега се води дали и кој скандирал „северна“ и како можел така да скандира, тоа било предавство, тоа било газење на македонскиот идентитет, од Македонија не останало ништо и ред други небулози, а вакви изјави доаѓаат дури и од академци. Моето мислење за скандирањето „северна“ е дека треба де се третира како и секое друго навивање кое обично се случува на спортски настан, а не да се скандализира и да се прават непотребни драми. Имате две „навивачки“ групи, едната скандира „никогаш северна, само Македонија“ наменето за актуаелната власт која не може да ја смислат, другатагрупа скандира „северна“ како импулсивна реакција и противодговор на скандирањето на првата. „Север-на Ма-ке-донија“ нема како да се пее а да звучи навивачки, така да се пеело само „север-на“, а Македонија се подразбира, па сигурно не мислеле на Кореја (хахаха). Дали овие кои скандирале „северна“ не ја сакаат државата? Дали се тие помали Македонци одовие со знамето на вергина? Дали го негираат идентитетот? Дали овие се Македонци или “северџани“, термин измислен од „патриотите“ кој впрочем претставува навреда, но за ова подолу во текстот?

Ова „навивање“ ме потсети на уште еден фудбалски меч помеѓу Вардар и СлогаЈугомагнат на кој присуствував, овој пат како симпатизер на Слога. Беше 1999 година, војната во Косово сеуште траеше. Во еден момент Комитите почнаа да скандираат Србија, Србија, не дека ја сакаат Србија нормално, туку од преголемата омраза кон Албанците. Како противодговор Шверцерите почнаа насиот глас да пеат Македонија, Македонија. Симпатизерите на Слога, целата источна и десниот дел од јужната трибина во еден глас Македонија, Македонија. По неколку минути се приклучи и левата страна од јужната трибина и одеднаш молк на Комитите. Мислам дека 20 минути не знаеја како дапродолжат со навивање посрамени од Шверцерите и останатите, но најмногу одсамите себе. Подобар противодговор од тој на Шверцерите не бев слушнал до тогаш, тоа беше можеби најдобриот момент доживеан на стадион.

Зашто го споменав овој пример? Порака до сите кои поддржија промена на името, на сите провокации од ваков тип едноставно скандирајте Македонија, само така ќе им ги затворите муцките на оние кои мислат дека не ја сакате државата или ја сакате помалку од нив. Во исто време, немојте да навредувате.Секој има право на слободно изразување и свое мислење се додека не ја загрозува слободата на другиот.

Порака до „патриотите“, но прво да објаснам зашто ги нарекувам патриоти во наводници. Патриотизмот е комплексен и субјективен концепт и нема да навлагам во длабоко елаборирање. Патриотизмот на Балканот има негативна конотација, поистоветувајќи се со национализмот и етноцентризмот. Сите вие, кои самите се нарекувате патриоти постојано јавно искажувате омраза кон другите, такво е нашето искуство со вас. Вашиот патриотизам преставува сакање на своето преку негирање и омраза кон другото, а тоа не е патриотизами затоа секогаш ќе ве ставам под наводници. Нејсе, пораката до вас е впрочем насловот на колумната, не мора да бидете лојални на власта, но мора да бидетелојални на државата. Тоа покрај плаќање на сметки и данок значи и почитување на името на државата и нејзините симболи, значи почитување на законите. Што на пример ќе правите кога ќе дојде време за промена на личнитедокументи (пасош, лична карта) како што е препишано со закон? Нема да промените документите, нема да патувате, нема да земате плата, нема да се легитимирате? Почитување на државата значи и не навредување на сите кои мислат поинаку од вас. Поимот „северџан“ кој го измисливте претставува директна навреда кон сите останати, Македонци, Албанци, Турци и тн. Вие може да се чувствувате како сакате, тоа никој не смее да ви го забрани, Македонци, гоцева раса, антички Македонци, Тракијци, што и да е, ваше право, но морате да престанете да ги навредувате другите. „Северџан“ е говор на омраза како што е и „Шиптар“, „Ѓаур“ и тн. и како таков треба да се третира.

Порака до власта, баталете го ДПМНЕ веќе еднаш и концептот на помирувањето симнете го меѓу народот. Направете програми, организирајте јавни дискусии, дебати меѓу граѓаните. Граѓаните се тие што треба да се помират меѓусебно, ако ништо друго нивото во јавниот дискурс да се подигне иговорот на омраза да запре. Има голем дел граѓани што никогаш нема да се помират со промената на името и тоа чувство не може никој да им го забрани, но навредите кон нив, и нивните навреди кон сите останати мора да запрат, говорот на омраза знае да доведе и до насилство.

Порака до ДПМНЕ, самораспуштете се како партија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот