ФОТО | Не ја фарба косата една година: Актерката воодушеви со природниот изглед во Париз

Енди Мекдауел
Енди Мекдауел на Париската модна недела / 2 октомври 2022 / Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Актерката Енди Мекдауел се појави на ревијата на Лореал, одржана во рамките на Париската модна недела, и ги воодушеви присутните со својот природен изглед.

Имено, 64-годишната актерка самоуверено чекореше на модната писта и гордо ја покажа својата природна седа коса. Мекдауел носеше прекрасна модна креакција со висок шлиц и пердуви.

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT
Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT
Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

За време на пандемијата, актерката одлучила да го прифати својот природен изглед. Таа престанала да ја фарба својата кадрава коса во 2021 година.

„Се заљубив во својот нов изглед и одлучив да го задржам. Не велам дека сите требаат да го следат мојот пат, но ова е нешто што мене ми одговара. Една новинарка ме праша како се чувствувам, знаејќи дека стареам и дека ја губам убавината. Не можев да поверувам. Ѝ реков дека воошто не се чувствувам така. Сите ние се менуваме и старееме и тоа е дел од животниот процес. Стареењето не значи дека губиме од убавината“, изјавила Мекдауел во 2021 година.

Енди Мекдауел на Канскиот филмски фестивал во 2021 / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот