Не ги фрлајте лушпите од велигенските јајца: Еве како можете да ги искористите
Јајцата се полни со протеини, витамини и минерали и се една од најхранливите намирници на планетата. Во светот, просечен човек консумира околу 150 до 200 јајца годишно. Лушпите од јајцата се направени од 96% кристали од калциум карбонат и се совршено ѓубриво за вашата градина.
Препорачано

Природно ѓубриво
Лушпите од јајцата се совршен начин да додадете калциум во вашиот компост. Исклучително брзо се распаѓаат, па не грижете се дали ќе ги ставите смелени или не. Сè што треба да направите е да ги фрлите околу рози или други садници на кои им е потребен калциум.
Лушпите од јајцата ќе ги избркаат полжавите од вашата градина
Ако имате проблем со полжавите во вашата градина, само грубо скршете ги лушпите од јајцата и наредете ги околу растението. Острите рабови на лушпите од јајцата ќе ги спречат полжавите да стигнат до вашите салати или млади, новозасадени растенија.

Искористете ги лушпите за садење семиња
Бидејќи лушпите од јајцата се распаѓаат многу брзо, тие се идеални за садење семиња во нив. Кога растението ќе никне, едноставно пренесете го заедно со лушпата во градинат. Не заборавајте само добро да ја измиете внатрешноста на лушпата под млаз топла вода, а потоа да направите посадете го семето.


