Не е во плановите на Конте, Наинголан оди на позајмица!

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Според италијанските медиуми Раџа Наинголан од Интер оваа зима ќе се пресели во редовите на Каљари.

Иако се поврзуваше со трансфер во турската лига, „неро-аѕурите“ ќе го позајмат (до јуни 2021 година) во клуб кој се бори за опстанок во шампионатот. Со Интер има договор до 30 јуни 2022 година).

Односно тој повторно ќе соработува со Еузебио Ди Франческо, екс тренерот на Рома. Доаѓа практично како замена за Марко Рог кој поради повреда на коленото ја заврши сезоната.

Во италијанската Серија А белгискиот интернационалец Наинголан запиша само четири настапи, последниот го имаше на 22 ноември во победата над Торино (4:2).

Во својата кариера 32-годишниот играч од средниот ред претходно веќе настапуваше за Каљари, а беше дел и од Рома и Пјаченца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот