Не е точно дека сме блокирале извоз на анти-ковид вакцини: Официјален Лондон го обвинува Шарл Мишел за дезинформации

Даунинг стрит 10/Фото: ЕПА-ЕФЕ

Претседателот на Европскиот Совет (ЕС), Шарл Мишел денеска на својот блог напиша дека Обединетото Кралство целосно забрани извоз на вакцини и компоненти за вакцини на што официјален Лондон остро реагира.

Мишел на својот блог денеска се осврна на состојбата со вакцинацијата во ЕУ и обвинувањата за „вакцински национализам”, откако Италија забрани извоз на дози кон Австралија. Тој потоа напиша дека Обединетото Кралство и САД, за разлика од ЕУ, „имаат целосна забрана за извоз”.

Од британската влада денеска бурно реагираат и велат дека Лондон не блокирал извоз на ниту една вакцина против ковид-19 и дека изјавите за британска забрана за извоз “се целосно невистинити”.

Новинарите во Брисел побараа одговор од прес службата на Мишел каде тој ги црпи овие информации, но за сега оттаму нема одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот