Не е прифатена оставката, Васоски останува тренер на ФК Академија Пандев

Александар Васоски останува на клупата на ФК Академија Пандев/фото: facebook.com/FudbalskiklubSarajevo

Во неделата во рамките од 13 коло во Првата македонска фудбалска лига екипата на Академија Пандев на домашен терен загуби со 0:2 од Работнички.

„Пандевци“ бележат лоши резултати во шампионатот сезонава, имаат само две победи, последната ја имаа во август. Моментно се на претпоследното место со осум бодови, само три повеќе од „фенерџијата“ Скопје.

Не издржа ни два месеци на тренерската клупа, Александар Васоски си поднесе оставка по поразот од „романтичарите“.

Истата денеска не е прифатена, стои во денешното соопштение на ФК Академија Пандев до јавноста:

– На денешниот состанок на Управниот Одбор на клубот, беше разгледена понудената оставка од страна на Шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим – Александар Васоски. Сакаме да ја информираме јавноста дека понудената оставка не е прифатена. Управниот Одбор смета дека Александар Васоски е еден од најдобрите тренери во Македонија и дека тоа и ќе го докаже во наредниот период. Дадена му е целосна поддршка во сите одлуки кои смета да ги спроведе во иднина, за враќање на победничките патеки. Во минатото клубот се соочуваше и со подолги резултатски кризи, но на крај секогаш преку единство и сплотеност доаѓаше до остварување на зацртаните цели, затоа сметаме дека прифаќањето на оставката не е правото решение – објавија од клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот